Е-маил : skalatravel2010@yahoo.com
ИСТАНБУЛ
Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.
Термин: 29 декември 2023 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 29.12 (петок) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип – Велес – Скопје – Куманово во попладневните часови во однапред договорено место и време. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.
2ден / 30.12 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Бејлербеи | Таксим Плоштадот)
Пристигнување на групата во Истанбул во утринските часови. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час.
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Таксим Плоштадот. Ноќевање.
3ден / 31.12 (недела) ИСТАНБУЛ (Балат | Миниатурк)
Појадок. По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Миниатурк.
Балат. Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Миниатурк
Еден специфичен и интересн музеј, каде што ќе имат можност да ги видите сите познати светски градби на едно место во минијатурна форма.
По посетата на Балат и Миниатурк, се упатуваме во хотел. Слободно време за одмор и подготовка за дочекот на Новата Година. Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор. Ноќевање.
4ден / 01.01 (понеделник) ИСТАНБУЛ (Фабрика Коска | 212 MegaOutlet) – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да ги купите најтрадиционалните турски благи локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми, турско кафе или чај и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура,животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. Поаѓање кон Македонија.
5ден / 02.01 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 149€ / 9.240мкд
Промо цена: 129€ / 8.000мкд
Дете до 3 години – бесплатно | Дете од 3-12 години – 50 % од износот на аражманот | Еднокреветна соба + 25€ / 1.500мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
ПАКЕТ 1: 25€
– посета на Балат;
– посета на Миниатурк;
ПАКЕТ 2: 45€
– крстарење со брод по Босфор (90 мин дневно крстарење по Босфор со локален водич);
– посета на Бејлербеи;
– посета на Таксим Плоштад;
Дочек на Нова Година
Цена на пакет: 90€
– Влезница на приватен брод на Босфор;
– Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад;
– Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад;
– Организирани и резервирани конопои за секој гостин;
– Вклучени 4 алкохолни и безалкохолни пијалоци;
– Вклучена храна за време на забавата;
– Вклучени бесплатни неонски материјали;
– Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот (Два посебни зони со различна музика);
– Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена.
Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.
Секојдневно се качуваме по скалила кои претставуваат едно ново искуство, ново доживување…
Телефон : 034330311
Мобилен : 078340311
Локација : Јосиф Јосифовски Свештарот бр.23
Е-маил : skalatravel2010@yahoo.com