Е-маил : skalatravel2010@yahoo.com
06.12 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата спроти поранешен хотел Бристол (на коцката) во 17.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
07.12 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.
08.12 БИДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.
09.12 БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци или посета на зоолошка градина. Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 10.11: 159€ / 9240 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€ / 11.720 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Сместување во Benczúr Hotel 3* ( https://www.hotelbenczur.hu/en ) во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 10 €
Вечера во ресторан Чарда 35 €
Крстарење со брод по Дунав 20 €
Посета на Сент Андреа 20 €
Влезници за музеите и културно – историските споменици
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 3900 мкд
Доплата за избор на седиште во автобус – 10 €
Туристичка такса 5 € по лице за целиот престој (се плаќа во автобус)
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа)- 45 €
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Магелан Травел
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 5(пет) дена пред поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Секојдневно се качуваме по скалила кои претставуваат едно ново искуство, ново доживување…
Телефон : 034330311
Мобилен : 078340311
Локација : Јосиф Јосифовски Свештарот бр.23
Е-маил : skalatravel2010@yahoo.com