Прага со Виена – Автобуска програма

Прага со Виена – Автобуска програма

Category:

ПРАГА СО ВИЕНА

2 ноќевања / 4 дена

Златната Прага и Елегантната Виена

1ден  04.03 СКОПЈЕ – ПРАГА                                   

Состанок  на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 13.30 часот. Тргнување за Прага во 14.00 часот. Се патува преку Србија. Ноќно  возење со попатни паузи за одмор  и царински формалности.

2ден  05.03 ПРАГА

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник – Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Вацлавскиот плоштад… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3ден  06.03 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште  на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од 12те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка”. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

4ден  07.03 ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Виена. Панорамски разглед на градот: улицата Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку  Србија со куси попатни паузи. Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.

 

ЦЕНА за рана уплата до  29.01  

99евра  /  6.140 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 евра / 8.000 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високотуристички автобус

2 ноќевања со појадок  во хотел 3* во Прага

Организација и водство на програмата

Посета и разглед на Виена

Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT

Организација на аранжманот

Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување

Разглед на Прага со локален водич  (10€)

Факултативен излет Карлови Вари   (25€)

Доплата за еднокреветна соба  4.650 ден

Крстарење со брод по Влтава  (20€)

Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (40€)

Туристичка такса 1 евро по лице на ден

Влезници за музеи и локалитети

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување:  Т.А. го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Tour Reviews

There are no reviews yet.

Leave a Review

Rating