Нова Година на Северен Кипар

Нова Година на Северен Кипар

Category:

СЕВЕРЕН КИПАР

Островски бисер на Средоземното море со стотици километри прекрасно крајбрежје. Тоа е Кипар!

НОВА ГОДИНА НА СЕВЕРЕН КИПАР

29.12.2021-03.01.2022 (5 ноќевања)

Островски бисер на Средоземното море со стотици километри прекрасно крајбрежје. Тоа е Кипар! Остров кој локалците го нарекуваат Афродита, бидејќи според легендата, Кипар бил дом на грчката божица на љубовта Низ. Во текот на својата историја, овој остров бил освојуван од Грци, Римјани, Персијци, Египјани, Византијци и крстоносци, секој зад себе оставајќи свој белег го претвориле Кипар во тоа што е денес. Благодарејќи на богатата историја, Кипар денес има развиен туризам привлекувајќи туристи од целиот свет. Топла медитеранска клима, одлични хотели, прекрасно крајбрежје, вкусна храна и квалитетно вино, ноќен живот на високо нив. Тоа е само дел од листата која го прави Кипар дестинација која задолжително треба да биде на Вашата листа!

1 ден 29.12.2021 (среда) СКОПЈЕИСТАНБУЛКИПАР (Ultra All Inclsive)

Пријавување на аеродромот во Скопје 3 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 09:05 часот. Пристигнување на аеродромот во Истанбул во 12:40 часот локално време. Поврзаниот лет кон Кипар е во 13:55 часот, а слетувањето на Кипар, на аеродромот Ercan International Airport во 14:30 часот. По завршување на пасошки и царински формалности, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот. Сместување во хотел Limak Cyprus Deluxe Hotel 5* на услуга Ultra All Inclusive. Добредојдовте на Кипар! Одмор и релаксација во содржините на хотелот. Ноќевање.

2 ден 30.12.2021 (четврток) КИПАР (Ultra All Inclsive)

Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални прошетки во единствениот град Никозија или предлог факултативни излети од страна на агенцијата. Никозија е град поделен на 2 дела, со 130 000 жители и 2 различни временски зони! Самата помисла е посебна знаејќи дека сте во град кој е поделен на 2 држави (Грција/Турција), чија граница ја поминувате за 2 минути, а притоа менувате временска зона. Велат најинтересниот дел на грчката страна на градот е Laiki Geitonia, што во превод би значело “Добар сосед”. Овој дел од градот изобилува со тесни улици каде се наоѓаат голем број на продавници, атељеа и кафе барови, вредни да бидат дел од Вашите спомен фотографии. Ќе го посетиме и Кипарскиот Археолошки музеј кој брои колекција на предмети од долгогодишната историја на градот. Прекрасна архитектра на куќи кои повеќето од нив се реставрирани, но сеуште го задржуваат духот на историјата на островот. Во склоп на стариот дел на градот, се наоѓа и Етнографскиот музеј, Катедралата Свети Јован, Големата Палата на Архепископот Макариос III, како и најголемата банка на Кипар за која се верува дека е во сопственост на Кипарската Православна црква. Овде ќе го видите и познатиот ѕид кој претставува граница и го дели Кипар помеѓу Грција и Турција, статуата на независен Кипар и ќе ја посетите црквата Фанеромени лоцирана на самата граница. Ноќевање.

3 ден 31.12.2021 (петок) КИПАР (Ultra All Inclsive)

Појадок во хотел. Денот во годината кој многумина го очекуваат од различни причини е токму последниот ден од годината, а има ли подобро чуство најлудата ноќ во годината да ја поминете на ново место и со нова енергија и желби да влезете во новата година. Никозија како и другите градови на островот нудат одлична и незаборавна забава во новогодишно расположение. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Ноќевање.

4 ден 01.01.2022 (сабота) КИПАР (Ultra All Inclsive)

Појадок во хотел. Ден предвиден за одмор од дочекот на новата година и прошетки на последниот ден од ова патување. Индивидуални или по предлог на агенцијата, Кипар е остров кој дефинитивно има што да понуди на неговите посетители од сите возрасти. Ноќевање.

5 ден 02.01.2022 (недела) КИПАР (Ultra All Inclsive)

Појадок во хотел. Искористете го максимално последниот ден на островот и ужувајте во убавините на Кипар. Ноќевање.

6 ден 03.01.2022 (понеделник) КИПАРИСТАНБУЛСКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Искористете го времето максимално за да заминете од островот со прекрасни спомени, кои секогаш ќе Ве потсеќаат на една убава авантура наречена Кипар. Во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот Ercan International Airport, за летот кон Истанбул во 15:20 часот. Слетување во Истанбул во 18:00 часот. Поврзаниот лет кон Скопје е во 20:20 часот, а пристигнувањето на аеродромот во Скопје е во 19:45 часот локално време.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА
Промотивна цена за резервации до 20.11.2021 649€
Редовна цена на аранжманот 699€

 

Пакет цената е изразена по лице, при што истата вклучува:

  • Повратен авио билет на релација Скопје-Истанбул-Кипар-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines;
  • Рачен багаж до 10кг + чекиран багаж до 20кг;
  • 5 ноќевања на услуга Ultra All Inclusive во хотел Limak Cyprus Deluxe Hotel 5*;
  • Организиран приватен трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром;
  • Новогодишна вечера во хотел Limak Cyprus Deluxe Hotel 5*;
  • Патничко осигурување;
  • 24/7 онлајн подршка во текот на целото патување;
  • Апликација за влез на Кипар.

Пакет цената НЕ вклучува:

Аеродромски такси од 85€ (уплата во агенција);

Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот при влез во истиот;

Влезници за музеи и туристички знаменитости;

Негативен ПЦР тест на Ковид-19.

Напомени:

  • Пакет понудата е подготвена согласно моменталните цени на авионските билети и класите на авиокомпанијата;
  • Сместувањето од програмата е во хотел Limak Cyprus Deluxe Hotel 5*;
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цената на пакет аранжманот, во случај на промена на цената на авионските билети, хотелските капацитети како и трансфер услугите;
  • За влез на Кипар за туристички цели, потребно е да поседувате сертификат за комплетна имунизација со вакцините признаени од ЕМА (Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон) како и приложување на ПЦР тест по барање на надлежните институции на владата на Кипар;
  • Валидноста на Вашата патна исправа е потребно да биде минимум 6 месеци.

 

Tour Reviews

There are no reviews yet.

Leave a Review

Rating