Вила Џули I – Јерисос

Вила Џули I – Јерисос

Categories:, ,

ВИЛА ЏУЛИ I ЈЕРИСОС

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Јерисос – Вила Џули 1

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Вила “Tzouli1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од плажата. Капацитетите се над bakery ‘Julie’ (најдобрата пекара во местото), спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 3 капацитети се во нашата понуда и сите се на 1-ви кат) :

1/5+1 дуплекс апартман број 1 – со 1 стандарден + 1 на извлекување и кревети на спрат (bunk) во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети во друга спална соба и посебна дневна соба со одлична кујна и фотеља. Има 2 тераси: една поголема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат лимитиран поглед море.

1/4 +1 апартман број 2 – 1+1 стандардни единечни кревети во спална и 1 стандарден +1 на извлекување и софа во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса со поглед на улица.

1/4 +2 апартман број 3 – 1+1 стандардни единечни кревети во спална како и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа на пуштање во дневна споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса со поглед кон двор.

Сите се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

Координати: 40.399310, 23.880143

Попуст за резервации направени до 10.05.2022 

за термини 22.05 / 29.05 / 05.06 – 15%

за сите останати – 10%

 

 

 

 

1. Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1во и 2ро лице 3. 4. и 5. лице
22/05-29/05 7 79 40
29/05-05/06 7 99 40
05/06-12/06 7 119 40
12/06-19/06 7 159 40
19/06-26/06 7 179 40
26/06-03/07 7 199 40

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

 

2. Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/4+1 апартман 1/4+2 апартман 1/5+1 дуплекс
03/07-10/07 7 479 499 539
10/07-17/07 7 499 519 559
17/07-24/07 7 519 539 579
24/07-31/07 7 519 539 579
31/07-07/08 7 519 539 579
07/08-14/08 7 519 539 579
14/08-21/08 7 519 539 579
21/08-08/08 7 509 529 569

 

3. Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1во и 2ро лице 3. 4. и 5. лице
28/08-04/09 7 199 40
04/09-11/09 7 159 40
11/09-18/09 7 119 40
18/09-25/09 7 89 40
25/09-02/10 7 79 40

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

 

 

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).

Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплата за трето лице по 40 евра (без разлика дали користат превоз).

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

Цена за превоз:

За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)

За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550 мкд. (25 евра)

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Место и време на поаѓање:

Куманово 02:45 ч. Бензинска пумпа Макпетрол

Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин

Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)

Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол

Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол

Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

Протокол за влез во Грција / Македонија:

Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, или потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање. Патниците кои патуваат со свое возило треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците https://travel.gov.gr/#/

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Напомена:
За секоја промена/отказ на веќе потврдена резервација се пресметува манупулативен трошок од 620 денари по пријава / договор.

Tour Reviews

There are no reviews yet.

Leave a Review

Rating