Букурешт и Трансилванија

Букурешт и Трансилванија

Category:

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Трансилванија. Раскажете една поинаква новогодишна приказна. Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија на еден поинаков начин, покриени со снежна покривка.

30.12.2021 (четврток)           СКОПЈЕ БУКУРЕШТ

Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти хотел Холидеј Ин. Поаѓање кон Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

31.02.2021 (петок)                 БУКУРЕШТ

Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот.

Парламентот

Започнува разгледот на Букурешт со водич кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

Плоштадот на Револуцијата

Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука започнува запознавањето со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Calea Victoriei

Кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица„ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниjа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Повторно се застанува на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде се посетува Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.

Куртија Веке

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор.

Вечерта, дочек на Новата 2022 Година на еден од плоштадите во Букурешт или факултативно забава до утринските часови во ноќен клуб. Враќање во хотел. Ноќевање.

01.01.2022 (саботаПЕЛЕШ И БРЕШОВ

ПојадокПо појадокот, факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш и магичното гратче Брашов.

Пелеш

Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло, таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои го одземаат здивот.

Брашов

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати. Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе се посети и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Враќање во хотелот во Букурешт. Ноќевање.

02.01.2022  (недела)             ТЕРМАЛНИ БАЊИ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Околу 10:00 часот, факултативно, заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот.

Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи.

Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода. Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место да избегне од секојдневниот градски живот.

За сите останати што нема да ги посетат Термалните бањи ќе имаат слободно време во трговскиот центар.

Поаѓање за Македонија во 15:00 часот.

Очекувано пристигнување во Скопје, во раните утрински часови на 03.01.2022 во понеделник.

ЦЕНА во предпродажба за уплати до 13.11.2021

 

109 евра (6.760 ден.) по лице во трокреветна соба

119 евра (7.380 ден.) по лице во двокреветна соба

жЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 евра (8.620 ден.)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување во хотел 3* на база  2 ноќевања со појадок

– Разглед на градот Букурешт со водич

– Организација на Новогодишна прослава на плоштад со превоз

– Пратител и организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Дочек на Нова Година во дискотека

– Факултативен излет „Трансилванија“: Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и  посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 35 евра – студенти 30 евра

– Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (25 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)

– Tуристичка такса 2 евра по лице за целиот престој

– Патничко осигурување

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За Романија може да се патува со сертификат за вакцинација, негативен антиген или ПЦР тест или потврда за прележан ковид  од 14 дена до 180 дена

– За деца до 6 год. не е потребен тест,  а за деца од 6 до 16 год. потребно е да имаат негативен антиген или ПЦР тест

– За влез назад во Македонија за лица над 18 години потребно е сертификат за вакцинација, негативен антиген или ПЦР тест или потврда за прележан ковид до 45 дена.

 

Tour Reviews

There are no reviews yet.

Leave a Review

Rating