Барселона

Барселона

Category:

БАРСЕЛОНА

АВИОН

БАРСЕЛОНА – Каталонската престолнина

Космополитски главен град на Каталонија, град на брегот на Средоземното море, Барселона.
Прошетајте по улиците на градот во кој Гауди оставил личен печат, неговите ремек дела, црквата Саграда фамилија, Каса Батло, Ла Педрера… и ќе имате впечаток дека сте заталкале во бајка… Задлжителна е посетата на паркот Гуел, парк сместен во природен парк, Гуел и Гауди го замислие како организирана групација на домови со висок квалитет, украсена со сите најнови технолошки достигнувања, а завршена со уметнички допир… По познатата улица Лас Рамблас до самиот крај каде ве пречекува статуата на Колумбо свртена кон морската шир… Да не се заборави шпанската кујна, тука се бројните ресторани, а потоа препуштете се на магијата на ноќниот живот во овој прекрасен град …   

5 Дена / 4 ноќевања / Авион

28.12.2021     Скопје – Барселона

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 19:25 часот. Пристигнување во Барселона во 22:10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

29.12.2021    Барселона

Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, стоп пред стадионот Камп Ноу, за фотографирање (без влез), плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг. Ноќевање.

30.12.2021           Барселона –  Фигерас и Гирона

Појадок. Факултативно, целодневна посета на Фигерас и Гирона – Фигерас, градот на Салвадор Дали, тука се родил и тука цел свој живот творел, па на  насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Музејот, што е предизвик за сите љубители на уметноста, во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција на скулптури, 3Д колажи, како и приватните колекции на Дали од други уметници. Следи посета Гирона, сместена покрај реката Ониар, а познат е по својата средновековна архитектура, по својот Сиутат Антига (Стариот град) и особено по еврејскиот кварт од 13век,  кој се смета за еден од најголемите и најдобро зачуваните еврејски квартови во Европа. Изграден на рид, Стариот град е исто така познат по своите шармантни камени скали.. прошетка низ историскиот центар на градот, тврдината Форча Вела од римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината… Враќање во хотел. Вечерта можност за организирана факултативно вечер со фламенко шоу. Ноќевање.  

31.12.2021 Барселона – Монтсерат

Појадок. Факултативна посета на Монтсерат или „назабена планина“,  позната по својот необичен изглед и манастирот Санта Марија де Монсерат, изграден високо на камените формации во планината, за кои легендата вели дека се обликувани од златниот алат на ангелите. Манастирот е основан во 11век, а обновен помеѓу 19-20 век, кога бил запален од Наполеоновата војска, а функционира до денес со над 70 монаси… Манастирот има и музеј поделен на три различни дела: Модерно сликарство, Археологија на библискиот Исток, Античко сликарство… Враќање во хотел. Дочек на НОВАТА 2022 Година на еден од плоштадите. Ноќевање        

01.01.2022 Барселона – Скопје   

Појадок. Факултативно, посета  на Шпанското село “Побле Еспањол” е архитектонски музеј на отворено, iзграден за Меѓународната изложба во Барселона во 1929 година, музејот се состои од 117 згради во целосен обем, реплицирани од различни места на Пиринејскиот Полуостров, споени заедно, формирајќи мал град кој создава урбани атмосфери на различни места во Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот Гуел – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, парк сместен во природен парк, замислen како организирана групација на домови со висок квалитет, украсена со сите најнови технолошки достигнувања, а завршенo со уметнички допир… Завршуваме со видиковецот Тибидабо, со поглед кон градот и околното крајбрежје. На врвот на ридот е црквата Саграт Кор и забавениот парк Тибидабо. Трансфер до аеродром, полетување за Скопје во 22:50 часот. Пристигнување во Скопје во 01:35 часот по полноќ.

ЦЕНА ВО ПРЕДПРОДАЖБА ДО 20.11              479€  (29.700 ден)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                                  529€   (32.800 ден)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје со Визер

– Рачен багаж 8кг (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона

– Сместување во Хотел 3* во Барселона на база 4 ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Барселона според програмата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 3.800 денари

– Голема кабинска торба (димензии 55х40х23см) 1.800 денари, багаж за чекирање (1 куфер до 20kg) 2.500 денари

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Аквариум 21 евро
  • Влезница за Камп Ноу 30 евра
  • Посета на Парк Гуел, Шпанско село и Тибидабо – 75 евра (превоз и влезници)
  • Целодневна посета на Фигерас и Герона – 80 евра
  • Фламинко шоу 50 евра
  • Целодневна посета на Монтсерат – 65 евра
  • Билети за јавен превоз со метро

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

– Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

– Начини на плаќање: Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

– Организаторот го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот, редоследот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

– За уплати на “ULTRA FIRST MINUTE” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.

– Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.

– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .

– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ

НОВИ МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ШПАНИЈА ОД МАКЕДОНИЈА

– Патникот треба да поседува валиден сертификат добиен од здравстевните органи по втората вакцинација со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (Pfizer-BioNtec, Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson).

– Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците

Tour Reviews

There are no reviews yet.

Leave a Review

Rating