Апартмани Корач – Улцињ

Апартмани Корач – Улцињ

Categories:,

АПАРТМАНИ КОРАЧ

Апартмани Корач  се лоцирани на околу 1200м – 1500м. од најпознатите плажи во Улцињ. Вилата располага со 8 апартмана распоредени на три ката.

Два дуплекс апартмани – површина од 40м2, две соби: една спална со брачен кревет и помошно легло, а другата дневна соба со тросед, двосед, помошно легло и кујна. Секој дуплекс апартман има сопствено купатило, балкон, клима уред, ТВ, интернет и паркинг простор. Капацитетот на апартманот е до 7 луѓе.

Шест мини апартмани – површина од 20м2, соба, сопствено купатило, балкон, клима уред, ТВ, интернет и паркинг простор. Исто така има и заедничка кујна сместена во ходникот, која ја користат два мини апартмана.

Покрај плажите има паркинг места што овозможува одење и враќање од плажа со автомобил.

 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО АПАРТМАН ПО НОЌЕВАЊЕ

 

  ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ: ПЕРИОД:
01.0630.06.21. 01.07 – 31.08.21. 01.0930.09.21.
1. Мини апартман  21€  27€ 21€
2. Дуплекс апартман  41€  55€  41€

 

НАПОМЕНА:

– Цените се дадени за наем на апартман по ноќевање

– Цените се валидни за резервација на минимум 5 ноќевања
– Цена за повратен билет за возрасен 40 евра
– Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 10:00 часот (багажот се остава на рецепцијата, предвидена за куфери)

ОПШТИ УСЛОВИ:

– За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
– Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
– Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка  и онлајн уплата на нашата веб страна
– Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој за лица до 65 години)
– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
– За хигиената на собите се грижат гостите
– Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
– Се патува преку Косово и Албанија
– Не е потребен PCR тест за влез во Црна Гора
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената. ИД

Tour Reviews

There are no reviews yet.

Leave a Review

Rating