Азурен Брег за Млади

Азурен Брег за Млади

Categories:,

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЛЕТО 2021

АЗУРЕН БРЕГ – ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА

ТЕРМИН: 25.08 – 05.09 

1 Ден – MAKЕДОНИЈА

Поаѓање околу пладне од Скопје. Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.

2 Ден  – ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.

3 Ден – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.

4 Ден –  ЉОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА
Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место  – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полни пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.

5 – 9. Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА
Полн пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM …Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.

10 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и слободно време. Поаѓање од Љорет во вечерни часови. Ноќно возење низ Франција со попатни паузи.

11 Ден – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. Посета на Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena… Во вечерните часови посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.

12 Ден – МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                                    

Цена по лице: 499 евра  399 eвра
Дете 2-11,99 299 евра
Дете 0 – 1,99 бесплатно

 Цената вклучува:

  • Комплетна организација на патувањето
  • Превоз со модетен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
  • Разглед на градовите според програмата
  • 1 ноќевање со појадок (континентален) во регијата Венето или во околина на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
  • 6 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел  4*** (соби 1/2+1)

Цената не вклучува:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети
  • Доплата за 1/1 соба – 200€
  • Задолжителен PCR тест
  • Задолжителна градска такса за регијата Каталонија (од 01.11.2012) – во хотелите со 1*, 2* и 3* – 0.50 € по ноќ/по oсоба, 4*, 5* – 1€ – се плаќа на рецепција на хотелот.
  • Туристичка такса која се плаќа во Италија во хотелите (за хотели со 3 *** 1.5 e – 2.5 € во зависнот од местоположбата на хотелот, хотел 4**** од 4€ )

НАПОМЕНА!!!

***Резервација на место се прави со 3000 денари по лице.

***Во случај на заострување на COVID – 19 мерките во местата кои се посетуваат, сите уплатени средства за аранжманот ќе ви бидат рефундирани во целост.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ: RA

Хотелот Don Juan, е сместен во центарот на Љорет де Мар, на само 400 метри оддалеченост од главната градска плажа.

https://www.hoteldonjuanresort.com/en/

Tour Reviews

There are no reviews yet.

Leave a Review

Rating