Category: Корисни информации

•  Цените во табелите се изразени во евра

•  Плаќањето се врши ИСКЛУЧИВО во денари со курс, 1 евро = 62 денари.

•  Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета уплата на 30% од целосната сума на аранжманот.

•  Целосна доплата на аранжманот – 7 дена пред тргнување.

•  Ве молиме, минимум 24 часа (1 ден) пред секое тргнување, да се информираат за потврда на местото и времето и тргнување.

•  Задолжително патничко осигурување.

•  Задолжителна туристичка такса 1 евро на ден/по лице која важи за сите хотели во Бугарија.

•  За сите објавени понуди и ценовници важат општите услови за патување на Скала Травел.

ВИЗЕН РЕЖИМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ДРУГИ ДРЖАВИ, СПЕЦИЈАЛНИ

АДМИНИСТРАТИВНИ РЕГИОНИ И СУБЈЕКТИ И ТЕРИТОРИЈАЛНИ ВЛАСТИ

НЕПРИЗНАТИ КАКО ДРЖАВИ

А Држава, субјекти и административни региони
Б Виза за влез во Република Македонија
В Должина на престој во РМ без виза
Г Виза за влез во странската држава
Д Странски ДКП надлежни за издавање визи на државјани на РМ
Ѓ ДКП на Република Македонија акредитирано за странската држава

Бр. Држава Виза за влез
во РМ 
Виза за влез во странската земја Странски ДКП надлежни за издавањевизи на државјани на РМ ДКП на Р.Македонија aкредитирано за странската држава
Авганистан 17* ДА ДА Софија +35929627476
Австрија НЕ НЕ Скопје (02) 3083700 Виена +4315248757
Австралија        1* НЕ ДА Белград +381113303400 Канбера  +61262826220
Meлбурн +61398672200
Албанија          18* НЕ НЕ Скопје (02) 3246728 Тирана  +35542274765
Алжир          17* ДА ДА Букурешт +40212115150
Ангола   17* ДА ДА Белград +381112653422/+381113693270
Андора НЕ НЕ Париз +33140060330
Антигва и Барбуда НЕ ДА
Азербејџан 19* НЕ ДА Анкара +903124412620 Анкара +903124399204
10 Аргентина    8* НЕ ДА Софија +35929712539
11 Бангладеш  17* ДА ДА Берлин +49-030-3989750
12 Барбадос НЕ ДА Брисел +3227321737
13 Бахами НЕ НЕ Лондон +442074084488
14 Бахреин 17* ДА ДА
15 Белгија НЕ НЕ Холандска Амбасада
Скопје (02) 3109 250
Белгиска Амбасада
Софија +35929887280
Брисел +3227345687
16 Белизе 17* ДА ДА
17 Белорусија 3*17* ДА ДА Белград +381113616938 Москва +74991243357
18 Бенин 17* ДА ДА Париз +33145009882
19 Боливија  17* ДА ДА Рим +39068841001
20 Босна и Херцеговина НЕ НЕ Скопје (02) 3086216 Сараево +38733206004
21 Боцвана НЕ ДА Лондон +44207499031
22 Бразил НЕ ДА Софија +359 29719823
23 Брег на
Слоновата Коска 17*
ДА ДА Париз +33153646262
24 Брунеи 9* НЕ НЕ
25 Бугарија НЕ НЕ Скопје (02) 3229444 Софија +35928705098
26 Буркина Фасо  17* ДА ДА Париз +33143599063
27 Бутан  17* ДА ДА
28 Бурунди 17* ДА ДА Париз +33145206061
29 Бурма / Мианмар 17* ДА ДА
30 Вануату 17* ДА ДА
31 Ватикан НЕ НЕ Љубљана +38614339204 Рим +3906635878
32 Велика Британија и Сев. Ирска НЕ ДА Скопје (02) 3299299
www.visa4uk.fco.gov.uk/
Лондон +442079760535
33 Венецуела НЕ ДА Софија +35929631637
34 Виетнам      17* ДА ДА Софија +35929632609 Пекинг +861065327846
35 Габон  17* ДА ДА Рим +39065358970
36 Гана  17* ДА ДА Белград +381113440856
37 Гамбија  17* ДА ДА Будимпешта + 43174040 5758
38 Гвајана  17* ДА ДА Лондон +441712297684
39 Гватемала НЕ НЕ Рим +3906 36381143
40 Гвинеја  17* ДА ДА Белград +381113444840
41 Гвинеја Бисао 17* ДА ДА Париз +33145261851
42 Германија НЕ НЕ Скопје (02) 3093900 Берлин +493089069511
Минхен +498954244756
Бон +49228237986
43 Гренада 17* ДА ДА Лондон +442076314277
44 Грузија     3*17* ДА ДА Анкара +903124918031
45 Грција НЕ НЕ Скопје (02) 3219260 Атина +302106749585
Солун +302310277 348
46 Данска НЕ НЕ Скопје (02)  3104067 Копенхаген +4539766920
47 Доминика  17* ДА ДА
48 Доминиканска Република 17* ДА НЕ Рим +3906360043774316
49 Египет         17* ДА ДА Софија +35929870215
Софија +35929881509
Каиро +20223805269
Каиро +20227508501
50 Еквадор  17* ДА ДА
51 Екваторијална Гвинеја 17* ДА ДА Париз +33156885454
52 Ел Салвадор НЕ НЕ Рим +39068076605
53 Еритреа  17* ДА ДА
54 Ерменија   10* 17* ДА ДА Софија +35929547970/9526046
55 Естонија НЕ НЕ Скопје (02) 3090858 Стокхолм +4686672145
56 Етиопија 17* ДА ДА Рим +39064416161
57 Замбија   17* ДА ДА Берлин +49 302062940
58 Зимбабве  17* ДА ДА
59 Израел НЕ НЕ Белград +381113672400 Тел Авив +972737154900
60 Индија 2а*17* ДА ДА Софија +35929635675 Њу Делхи +911146142602
61 Индонезија  2*17* ДА ДА Будимпешта +3614133800/01
62 Ирак            17* ДА ДА Белград +38111467508
63 Иран   2*17* ДА ДА Софија +35929878546/+35929789391
64 Ирска7* НЕ ДА Букурешт +40213102161 Лондон +442079760535
65 Исланд НЕ НЕ Скопје (02) 3244300 Лондон +44207976 0535
66 Италија НЕ НЕ Скопје (02) 3236500 Рим +39068419868
Венеција  +390415320282
67 Јамајка        17* ДА ДА Женева +41229080760/+41229080767
68 Јапонија НЕ НЕ Виена +431531920 Виена  +4315248757
69 Јемен    5*17* ДА ДА Рим +390644234299
71 Јордан   17* ДА ДА Анкара +903124402054
72 Јужно Африканска Република       17* ДА ДА Атина +302106106645
73 Казакхстан   2*19* НЕ ДА Виена +43136791750 Анкара              903124399204
74 Камбоџа   17* ДА ДА Берлин +493048637901
75 Камерун    17* ДА ДА Берлин +4930890680921
76 Канада НЕ ДА Виена +43153183000
Белград +381113063000
Отава +16132343882
Торонто +14163222196
77 Капе Верде   17* ДА ДА
78 Катар   17* ДА ДА Рим +390644249450 Катар +9744931374
79 Кенија   8*17* ДА ДА Париз +33156622525
80 Кина   4*17* ДА ДА Скопје (02) 3213163 Пекинг +861065327846
81 Кипар НЕ НЕ Белград +381113672725
82 Киргистан    17* ДА ДА Анкара +903124913528 Анкара +903124399204
83 Кирибати    17* ДА ДА
84 Колумбија   17* ДА ДА Виена +4314084132
85 Комори        17* ДА ДА
86 Конго, Реп.  17* ДА ДА Рим +39068417422
87 Конго, Демок. Република 17* ДА ДА Рим +390642010779
88 Кореја/Јужна НЕ ДА Софија +35929712181
89 Кореја/Северна 17* ДА ДА Софија +35929746111 Пекинг +861065327846
90 Коста Рика НЕ ДА Рим +390684242853
91 Косово НЕ НЕ Приштина +38138247462
92 Куба НЕ НЕ Софија +3592 872 2014
93 Кувајт  17* ДА ДА Анкара +90 312 446 45 78
94 Лаос  17* ДА ДА Париз +33145530298
95 Латвија (Летонија) НЕ НЕ Скопје (02) 3093900
3093801
Варшава  +48226517291
96 Лесото  17* ДА ДА Рим +39 06 85 42 496
97 Либан   17* ДА ДА Анкара +903124467485
98 Либерија  17* ДА ДА Рим +390630362212
99 Либија  17* ДА ДА Белград +38111 668253
100 Литванија НЕ НЕ Варшава +4822 6359794 Варшава +48226517291
101 Лихтенштајн НЕ НЕ Скопје (02) 310330910 Берн +41313520002
102 Луксембург НЕ НЕ Скопје (02) 3109250 Брисел +3227345687
103 Мадагаскар 17* ДА ДА Рим +390636307797
104 Макао-спец. Дм.  регион на НР Кина НЕ НЕ
105 Малави 17* ДА ДА
106 Малдиви    6*17* ДА ДА
107 Малезија НЕ НЕ Будимпешта +3612480810
108 Мали  17* ДА ДА Рим +390644254068
109 Малта  НЕ НЕ Рим +39066879947 Рим +39068419868
110 Маријана Северна 17* ДА ДА
111 Мароко  17* ДА ДА Софија +35928651126/8651137
112 Маршалски  Острови 17* ДА ДА
113 Мауританија  17* ДА ДА Париз +33145048854
114 Маурициус НЕ ДА Париз +33142273019
115 Мексико  14* НЕ ДА Белград +381113674170
116 Микронезија 17* ДА ДА
117 Мозамбик 17* ДА ДА Рим +39068074582
118 Молдова 2*17* ДА ДА Софија +35929356015/11 Софија +35928701560
119 Монако НЕ НЕ Скопје (02) 3244300
120 Монголија 4*17* ДА ДА Трст +39040575422 Пекинг +861065327846
121 Намибија  17* ДА ДА
122 Нару  17* ДА ДА
123 Непал 17* ДА ДА Берлин +493034359920
124 Нигер  17* ДА ДА Рим +39063729013
125 Нигерија  17* ДА ДА Будимпешта +3612122021
126 Никарагва НЕ НЕ Рим +39068414693
127 Нов Зеланд НЕ ДА Лондон +441245454449
128 Нова Гвинеја Папуа  17* ДА ДА Лондон +442079300922
129 Норвешка НЕ НЕ Скопје (02) 3238525 Стокхолм +4686672145
130 Обед. Арапски  Емирати 17* ДА ДА Рим +390636306100 СК (02) 3118692 Доха +9744931374
131 Оман          17* ДА ДА Рим +390636300517
132 Палестински власти – субјекти и териториални
власти не признати како држави 17*
ДА ДА
133 Пакистан     17* ДА ДА Анкара +903124271410
134 Палу   17* ДА ДА
135 Панама НЕ ДА Рим +390644252173
136 Парагвај НЕ ДА Рим +390644704684
137 Перу НЕ НЕ Букурешт +40212111819
138 Полска НЕ НЕ Скопје (02) 3112647 Варшава +4822651 7291
139 Португалија НЕ НЕ Скопје (02) 3244300 Париз +33145771050
140 Романија  НЕ НЕ Скопје (02) 3228058 Букурешт +40212100880
141 Руанда 17* ДА ДА Брисел 3227630721
142 Руска Федерација 13*19* НЕ ДА Скопје (02) 3117160 Москва +74991243357
143 САД    16* НЕ ДА Скопје (02) 3102000 Вашингтон +12026670501
Чикаго +13124198020
Детроит +12483545537
144 Самоа Западна17* ДА ДА
145 Сан Марино НЕ НЕ Рим +39068074582
146 Сау. Арабија   17* ДА ДА Лондон +442079173000 Анкара +903124399204
147 Сао Томе и Принципе 17* ДА ДА
148 Свазиленд       17* ДА ДА
149 Света Лучија   17* ДА ДА
150 Свети Винсент и Гренадини       17* ДА ДА
151 Свети Китс и Невис НЕ ДА
152 Соломонски Острови  17* ДА ДА
153 Суринам 17* ДА ДА
154 Сејшелски Острови НЕ НЕ Париз +33142305747
155 Сенегал      17* ДА ДА Рим +39066872381
156 Сиера Леоне   17* ДА ДА Москва +70954154166
157 Сингапур  8* НЕ НЕ Женева +41229296655
158 Сирија  17* ДА ДА Софија +35929625742
159 Словачка НЕ НЕ Белград +381113010010 Виена +4315248756
160 Словенија НЕ НЕ Скопје (02) 3178730
317 8734
Љубљана +38614210021
161 Сомалија   17* ДА ДА Москва +70953170622
162 Судан 17* ДА ДА Рим +39064403609
163 Србија 12*18* НЕ НЕ Скопје (02) 3129298 Белград +381113284981
164 Тајван субјекти и териториални
власти не признати како држави 2*20*
НЕ ДА Атина +302106776750
165 Тајланд         17* ДА ДА Будимпешта +3614384020
166 Танзанија17* ДА ДА Рим +390633485801
167 Таџикистан  17* ДА ДА Анкара +903124461602
168 Тимор Источен17* ДА ДА
169 Того  17* ДА ДА Париз +33143801213
170 Тонга  17* ДА ДА
171 Тринидад и Тобаго  17* ДА ДА Женева +41229180380
172 Тувалу  17* ДА
ДА
173 Тунис 17* ДА НЕ Белград +381113691961
174 Туркменистан 17* ДА ДА Анкара +903124417122
175 Турција НЕ НЕ Скопје (02) 3113270 Анкара +903124399204
Истанбул +902122512233
176 Уганда  17* ДА ДА Рим +39063225220
177 Узбекистан   17* ДА ДА Анкара +903124409269 Анкара +903124399204
178 Украина 15*19*21* НЕ НЕ Скопје (02) 3178120 Киев  +380442386616
179 Унгарија НЕ НЕ Скопје (02) 3092046 Будимпешта +3613360511
180 Уругвај НЕ ДА Истанбул +902163395406
181 Филипини 17* ДА ДА Атина +302106721883
182 Финска НЕ НЕ Белград +381113065400 Стокхолм +4686672145
183 Фиџи  17* ДА ДА
184 Франција НЕ НЕ Скопје (02) 3244300 Париз +33145771050
185 Хаити 17* ДА ДА Рим +390644254106
186 Холандија НЕ НЕ Скопје (02) 3109250 Хаг +31704274464
87 Хонг Конг – спец. административен
регион на НР Кина
НЕ НЕ Скопје (02) 3135647 Пекинг +861065327846
188 Хондурас НЕ НЕ Рим +39063220516
189 Хрватска НЕ НЕ Скопје +38923248173 Загреб +8514572812
190 Ценрал.Африк. Република 17* ДА ДА Париз +33145273721
191 Чад  17* ДА ДА Москва +70954154139
192 Чиле 11* НЕ НЕ Загреб +38514611958/9/60
193 Чешка НЕ НЕ Скопје (02) 3081200 Прага +420222521093
194 Црна Гора 12*18* НЕ НЕ Скопје (02) 3227277 Подгорица +38281667415
195 Џибути 17* ДА ДА
196 Швајцарија  НЕ НЕ Скопје (02) 3103310/ 3103330 Берн  +41313520002
197 Шведска НЕ НЕ Скопје (02) 3297880 Стокхолм +4686672145
198 Шпанија НЕ НЕ Скопје (02) 3215411 Мадрид +34915717298
199 Шри Ланка 17* ДА НЕ Виена +43150379 88

ВАЖНО!!!

  • Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија (Сл. весник број 123 од 02.10.2008) државјаните на земјите членки на Европската унија и потписнички на Шенген договорот можат да влегуваат во Република Македонија и со важечка лична карта издадена од надлежните органи на таа земја;
  • Секој странски државјанин, носител на валидна патна исправа на трета земја, кој поседува единствена повеќекратна виза Ц, важечка за сите земји потписнички на Шенгенскиот договор, може да влезе во Република Македонија без виза, со престој до 15 дена. Шенген визата треба да е важечка најмалку 5 дена повеќе од дозволениот престој.
  • Секој странски државјанин, носител на валидна патна исправа на трета земја, а има регулирано постојан престој во земја членка на Европската Унија или потписничка на Шенгенскиот договор, може да влезе во Република Македонија без виза, со престој до 15 дена.
  • Со виза престојот се регулира согласно издадената виза но не повеќе од 90 дена;

Без виза престојот е 90 дена со исклучок на Турција и Црна Гора во кои е 60 дена;

  • За носители на патни исправи на ООН не е потребна виза;
  • За сите држави, визите се издаваат единствено во Дипломатско конзуларно представништво на Република Македонија во странство.

-1*Со почеток од 01.07.2012 година, македонските државјани кои патуваат во Австралија врз основ на одобрена виза, немаат обврска за поседување на виза стикер во патната исправа.
Појаснување: Владата на Австралија издава електронски визи. Сите податоци се чуваат во централна база на податоци во Австралија. При пријавување на патникот (check-in) за лет до Австралија,  пред да се дозволи влез во авионот,  авиокомпанијата  електронски проверува дали патникот поседува валидна виза за влез во Австралија. При добивањето на австралиска виза се издава потврда за добиена виза во која се наведени условите, вклучително периодот на важноста и условите за влез. Се советува патникот да ја носи наведената потврда со себе.

– 2* Виза не е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи двострано;

– 2а* Виза не е потребна за носители на дипломатски патни исправи двострано;

– 3* За државјани на Република Македонија и Белорусија ќе се применува спогодбата(од 3.10.1989) склучена меѓу Владата на поранешна СФРЈ и СССР за взаемни патувања на граѓаните, кои според истатавиза не е потребна:

  • за дипломатски и службени патни исправи и за граѓанските патни исправи клаузула деловно
  • за туристички и групни патувања во организација на туристички агенции и поединечно со ваучер
  • созаверка на поканаако се оди во посета на роднини или пријатели или созаверена телеграма во итни случаи (болест, свеченост и сл.);
  • за посета на гроб на роднина што се докажува со потврда од Црвен Крст;
  • за патување заради здравствени прегледи или консултации, се приложува упат или покана од здравствена организација;

– Еднострано, оваа спогодба се применува и за државјани на Грузија,

4*  Двострано, виза на е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи и граѓански патни исправи со клаузула деловно како и за кинеска патна исправа за службени потреби -passport for public affairs;

5*

6*  Виза се издава на аеродром, со предходно обезбедување на повратна авиокарта, хотелска резервација и доказ на поседување на финанскиски средства;

7* Ирска визите за македонски државјани ги издава бесплатно.

8* За туристички престој на државјани на Република Македонија, не е потребна виза со престој до:
(Кенија и Аргентина до 90 дена, Сингапур до 14 дена),

9* На државјаните на Република Македонија не им е потребна виза за влез и престој во Брунеи за период до 30 дена.

10* За државјаните на Република Македонија визата може да биде издадена на граничен премин;

11* Виза е потребна за носители на македонски дипломатски и службени патни исправи;

12* Двострано, такса не се наплатува за одобрување на привремен и постојан престој;

13* За државјани на Република Македонија и на Руската Федерација се применува Спогодбата склучена меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за услови на заемни патувања на државјаните на двете земји (Сл. весник број 119 од 19.09.2008 година):виза не е потребна

  • Двострано за носители на дипломатски и службени патни исправи 
  • Двострано, носители на граѓански патни исправи кои имаат одобрение за привремен или постојан престој на територијата на другата држава 
  • Двострано, носители на граѓански патни исправи кои патуваат заради остварување на деловни контакти, размена во научно-техничка, образовна, културна, спортска област и новинарска дејност, краткорочен студиски престој, лекување, како и посета на роднини или познати (до 90 дена, врз основа на покана од физички или правни лица оформена согласно законодаството на секоја држава 
  • Туристички патувања (престој до 30 дена, врз основ на оригинален договор за давање туристичка услуга (ваучер) и потврда за прифаќање на странските туристи од организаторот која врши туристичка дејност на територијата на другата држава.

14* Виза не е потребна за влез во Мексико ако се поседува важечка виза за САД.

15* За државјани на Република Македонија и на Украина се применува Спогодбата склучена меѓу   Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министрите на Украина за услови на заемни патувања на државјаните на двете земји (Сл. весник број 77 од 08.06.2010г.):виза не е потребна:
– Двострано за носители на дипломатски и службени патни исправи
– Двострано, носители на граѓански патни исправи кои имаат одобрение за привремен или постојан престој на територијата на другата држава
– Двострано, носители на граѓански патни исправи кои патуваат заради остварување на деловни контакти, размена во научно-техничка, образовна, културна, спортска област и новинарска дејност, краткорочен студиски престој, лекување, како и посета на роднини или познати (до 90 дена, врз основа на покана од физички или правни лица оформена согласно законодаството на секоја држава
– Туристички патувања (престој до 30 дена, врз основ на оригинален договор за давање туристичка услуга (ваучер) и потврда за прифаќање на странските туристи од организаторот која врши туристичка дејност на територијата на другата држава.

16* Македонските државјани може да аплицираат за виза за привремена работа во САД во период од една година, со можност за продолжување на истата до три години. Условите за добивање на виза по основ на привремена работа во САД, македонските државјани може да ги најдат на http://www.uscis.gov/portal/site/uscis

17* Секој странски државјанин, носител на валидна патна исправа на трета земја, кој поседува единствена повеќекратна виза Ц, важечка за сите земји потписнички на Шенгенскиот договор, може да влезе во Република Македонија без виза, со престој до 15 дена. Шенген визата треба да е важечка најмалку 5 дена повеќе од дозволениот престој.

18* Двострано, државјаните на двете земји можат да влегуваат и со важечка биометриска лична карта.

19* Согласно Одлука на Владата на Република Македонија, на државјаните на Руската Федерација, Украина, Азербејџан и Казакстан не им е потребна виза за влез во Република Македонија. Одлуката се однесува за периодот од 15 март 2012 до 15 март 2013 година. Должината на престој не смее да надмине 90 дена во рамките од 6 (шест) месеци.

20* Согласно Одлука на Владата на Република Македонија, на државјаните на Тајван не им е потребна виза за влез во Република Македонија. Одлуката се однесува за периодот од 1 април 2012 до 31 март 2013 година. Должината на престој не смее да надмине 90 дена во рамките од 6 (шест) месеци.

21* Согласно донесената одлука на Претседателот на Украина за времено укинување на визи за краткорочен престој за граѓаните на РМ, за периодот од 15 август 2012 до 15 март 2013 година, на државјаните на  Република Македонија не им е потребна виза за влез во Украина.

1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).

2. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА

Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во агенциите и во сите други агенции овластени за продажба на нејзините програми. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати тошоците за отказ на аранжманот согласно условите од Член.6 “Откажување од патувањето” од страна на патникот. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава – Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам! со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 

Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс – објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот.

4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква друга усмена или писмена информација, која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.

5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “over booking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест.
Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.

6. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%
  • за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 10%
  • за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 20%
  • за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%
  • за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%
  • ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%

Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит”, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.
Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 € / Евра, по пријава-договор.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати без право на рефундација.
Доколку патникот сака дополнително да се осигура од гореспоменатите – непредвидливи причини за отказ на аражманот, настанати во периодот од потпишување на договорот за патување до почетокот на патувањето, препорачуваме да се осигура од “ризик на откажување на договорено туристичко патување” кај Осигурителна компанија. Оваа осигурителна полиса може да се договори и уплати на продажното место, истовремено при самата уплата на аранжманот.
Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на 3 средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата, и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговора според позитивните прописи и меѓународните конвенции.
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои проилегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.

8. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот/придружникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на оранизаторот за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот.
Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.

9. ПРЕВОЗ

Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организацијата, во согласност со пропишаните правила и прописи.
При патување со авионски превоз, да ја провери својата резервација за лет – во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот и местото за “чекинг” и предавање на багаж, во вообичаеното време – час и половина пред полетување. Да се информира за правилата за патување со авионски превоз (за истите може да се обрати во агенцијата).
При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да се пријави кај преставникот на агенцијата половина час пред поаѓање на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници и персоналот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување кон сатниците на поаѓање или на попатните застанувања и одмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини поради 4 неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека истиот патник повеќе од вообичаеното време.

10. БАГАЖ

Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чертер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, право на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока , храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот (Ви препорачуваме наем на сеф на хотелската рецепција).

11. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна команија, која може да се уплати во агенцијата.

12. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколу патникот-закупувач не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).

13. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник – носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.

Постапка за поднесување приговор:

  • Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадкватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи доплнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
  • Ако причината за рекламацијата не биде одстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник).
  • Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.
  • Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.
  • Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. евентуалното непридржување на купувачот- патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.
  • Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.

14. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Во согласност со точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одредна програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на надлежниот Суд во Струмица

ОСИГУРУВАЊЕ

ЗА БЕЗГРИЖНИ ПАТУВАЊА
Целта на вашето патување може да биде бизнис, одмор, средба со најблиски. Патот носи убави моменти, но и ризици да се доживее незгода или да се претрпи штета. Зошто да ризикувате да ви пропадне бизнис зделката, да ви пропадне одморот или да не се видите со пријател?Остварете ја целта без оглед на ризиците.
Со Еуролинк Осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за максимален надомест за штета. Нашите осигурувања се изготвени според светски стандарди и прилагодени токму на вашите потреби.
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ
Базик

  • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај,
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина,
  • Враќање на посмртни останки во земјата,
  • Враќање малолетни деца во Република Македонија.

Оптимум

  • Базик +
  • Надомест на телефонски трошоци,
  • Посета на пациент кој е хоспитализиран во странство – превоз и сместување во хотел,
  • Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел,
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина.

Премиум

  • Оптимум +
  • Багаж – кражба, оштетување и уништување,
  • Багаж – кражба, во моторно возила,
  • Багаж – задоцнето пристигнување во странство,
  • Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сeртификат.

ВИП

  • Премиум +
  • Трансфер на деловни колеги,
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот,
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во службени простории, фабрика…
  • Надомест на трошоци заради доцнење или откажување на лет,
  • Враќање на моторно возило.

Ски пакет

  • Доцнење, губење или кражба на ски опрема,
  • Болест или повреда при зимување,
  • Затворање терени,
  • Лавина или слегнување на земјиште.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОВОЛНОСТИ ВО ЕУРОЛИНК
Најповолна цена на македонскиот пазар.

  • Проширен пакет покритија,
  • Сите членови на семејството добиваат посебна полиса,
  • Целосни осигурителни покритија и за децата,
  • Специјални полиси само за Бугарија и Грција,
  • Попуст за избрана франшиза.

ВАЖНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЕУРОЛИНК ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ:

  • Се склучува за определен број денови;
  • Траењето на осигурувањето може да биде најмногу до 365 дена;
  • Осигуреници може да бидат лица до 65 години;
  • Премија КАЛКУЛАТОР

Корисниците на туристички и останати услуги при патување, во зависност од потребите на патувањето, можат да изберат патничка полиса во неколку варијанти:

Индивидуално патничко осигурување
Периодот на покритие може да биде покус од времето означено во полисата:

  • од 3 месеци до 30 дена минимален број осигурени денови;
  • од 6 месеци до 45 дена минимален број осигурени денови;
  • од 12 месеци до 90 дена минимален број осигурени денови.

Групно патничко осигурување
За група со повеќе од 10 лица кои патуваат заедно, организирано преку овластена туристичка агенција, со 20% попуст на основната премија.
Семејно патничко осигурување
За родители и деца на возраст до 21 година кои патуваат заедно, со попуст од 15% на основната премија.
Патничко осигурување за ученици и студенти
За ученици и студенти на возраст од 14 до 26 години, со попуст од 15% на основната премија.
Бизнис патничко осигурување

  • За деловни луѓе, вработени во иста фирма со 20% попуст на основната премија.

Помошта ја обезбедуваме во соработка со Корис Интернационал од Париз-специјализирана компанија за помош на патници со професионална мрежа од канцеларии во 40 земји од светот и претставници во 150 останати земји од светот

ОПИС НА КРАТЕНКИТЕ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО ПОНУДИТЕ:

DBL (double) – двокреветна соба
SNG (single) – еднокреветна соба
Twin – двокреветна соба со одвоени кревети
TRP или TPL (triple) – трокреветна соба
Quad – четворокреветна соба
APP – апартман – соба со одвоена спална и кујничка
Studio – соба со кујна
Suite – хотелски апартман
Junior suite – мал хотелски апартман
Executive suite – директорски апартман
Presidential suite – претседателски апартман
Maisonette – апартман на две нивоа
Family room – Фамилијарна соба
Family suite – фамилијарен апартман
BGW – Bungalow – бунгалов

RO (room only) – изнајмување само на соба
BB (bed and breakfast) – ноќевање со појадок
HB (half board) – полу пансион (појадок и вечера)
FB (full board) – полн пансион (појадок, ручек и вечера)
AI или ALL (all inclusive) – се вклучено
UAI (ultra all inclusive) – ултра се вклучено

Adl (adult) – возрасен
Chd (children) – дете

ECO – Economy room
PV – Pool view – поглед на базен
SV – Sea view – поглед на море
SSV – Sea side view – страничен поглед на море
GV – Garden view – поглед на градина
MV – Mountain view – поглед на планина
LV – Land view – поглед на град
Marina view – поглед на пристаниште
Beach front – поглед на плажа
Ground floor – приземје
Upper floor – на спрат
STD – standard – стандард
Front row – прв ред
Second row – втор ред
Bunk bed – кревети на спрат

RIA CAPITOL, НАЈЕФТИНИОТ трансфер на пари има клучна улога во помагање или подобрување на животот на голем број семејства ширум светот. Глобалната мрежа на Ria money transfer најчесто ја користат:

Иселениците кои им помагаат на своите најблиски во татковината
Родителите кои им помагаат на своите деца на студии во странство
Туристите и патниците на кои им треба помош во итни случаи
Деловни луѓе кои сакаат непречено да ги извршуваат своите дејности
Главните карактеристики и придобивки на Ria трансферот на пари се:

СИГУРНОСТ
Со секоја трансакција за испраќање на брз трансфер на пари се доделува единствен контролен број, со кој се гарантира дека Вашите пари се спремни за исплата и тоа единствено на примачот.

БРЗИНА
Парите се спремни да се подигнат само неколку минути* откако се пратени. Ria користи напредна технологија и уникатна компјутерска мрежа насекаде во светот, што овозможува плаќањето да се изврши веднаш.

ДОСТАПНОСТ
Постојат повеќе од 246.000** локации насекаде во светот каде што испраќачите и примачите можат да ги испратат или подигнат своите пари. Не е неопходно да имате сметка в o банка. Повеќето агенти се достапни да Ве услужат преку целиот ден, преку целата недела и преку целата година.
☎ 034 330 311 📞 078 340 311